Интернет Партија на Македонија зошто?
За да се регистрира политичка партија во Р.Македонија потребно е најмалку 1000 граѓани на Р.М. да го дадат својот потпис за основање,а како најлесно да се информираат граѓаните за формирање на една партија ,за нејзините цели,програмата,предлог Статутот и друго,ако не преку Интернет.
Интернетот ни овозможува со минимални средства ,скоро симболични,да ги преставиме нашите цели и заради начинот на кој е смислено функционирањето на Партијата,таа да функционира.Затоа и така се вика Интернет партија на Македонија, затоа што интернетот и е главно обележје.
Интернет Партија на Македонија (ИП) е партија од следната генерација на политички партии кои се вистински демократски и каде што членовите користејќи го интернетот како совремно средство за комуникација ,користејќи ја web-страната internetpartija.com ,се информираат ,учествуваат во работата и гласаат преку системот за гласање на ИП.
Единствено во ИП можете да гласате за кого сакате.Членовите непосредно гласаат за избор на функционери на партијата од најниско ниво ,претседател на Месна организација на ИП и совет на месна организација ,до највисоко ниво претседател на партијата и собранието на ИП.
Никој нема право ,а и да сака неможе,да наложува да се гласа за овој или оној кандидат бидејќи така сакал некој функционер или било директива „одозгора„.системот за гласање на ИП кој подетално е опишан во предлог Статутот на ИП во членовите од 31 до 39,тоа го оневозможува.
По што уште се разликува од другите „демократски„ партии;
Секој член има свој профил на web страната internetpartija.com ,на кој може да дава предлози,коментари свои видувања за сите прашања во врска со политиката на партијата, согласно правилата за користење на сајтот и чл.10 од предлог Статутот
Членот може да формира групи,тимови,лоби групи,за кандидирање во органите на партијата како и за претставување на разни идеи и проекти .чл.14
Членарина и други парични средства се уплаќаат само преку уплатница на жиро сметка на партијата,односно никој нема право да собира пари во готово,па затоа и нема предвидено благајници низ сите облици на дејствување,висината на членарината членовите сами си ја одредуваат чл.12
ИП предизборно не настапува заеднички (не коалицира) со ниедна друга партија чл.39
Не е предвидено престанување на членство во ИП заради членство и во друга партија чл 13. Во време кога повеќето од граѓаните имаат по неколку партиски книшки заради неисполнети и лажни ветувања,дури и по неколку државјанства, ИП членството во повеќе партии ќе го разбере како можност на своите членови да направат споредба со другите партии за степенот на демократијата и можноста да го искажат своето мислење или став во истите.
Интернет партија на Македонија не предвидува штампање и издавање на партиски книшки.
Подетални информации за партијата може да прочитате во Предлог Статутот на Интернет партија на Македонија.
Во следните месеци ке биде дозволено „зачленување„само на сајтот на Интернет партија се додека не ја постигнеме бројката потребна за регистрација на партија,кога ќе биде потврдено условното зачленување со изјава за доброволно членство односно пристапница.Во овој период може да се доставуваат и предлози и сугестии за дополнување или измена на делови од предлог Статутот.
Доколку се согласувате со нашите идеи, Ви останува само да ни се придружите,Ве очекуваме!
НЕ ЖИВЕЈ БЕЗ ВРСКА!
Скопје, 09.07.2010 г. З. Т.
Член 14
Членовите на ИП се организираат и дејствуваат на територијален принцип во следните облици на дејствување:
-Месна организација на ИП
- Општинска организација на ИП
-Градска организација на ИП (за Скопје)
-Интернет партија на Македонија
Членовите на ИП можат да се организираат и во разни интересовни облици ; групи,лоби групи ,тимови, по било кој основ (млади ,ветерани,жени,комшии, другари и друго) од кои ќе произлезат предлози за кандидати за избор во сите организации и органи на партијата.
При зачленувањето на web-страната ,врз база на местото на живеење,членот автоматски се распоредува во својата општинска организација на ИП,градска ако живее во Скопје и ИП на Македонија,каде што може да се информира ,да учествува во работењето и да гласа користејќи го програмот за гласање кој постои на секое ниво на организација; во групи,во општинските организации на ИП,во градската на Скопје,по изборни единици и во цела ИП.
Членот може да формира групи,тимови,лоби групи,за кандидирање во органите на ИП како и за преставување на разни идеи и проекти.
ИЗБОРИ
Член 31
Изборите за носители на функции во ИП се врши со тајно гласање преку системот за гласање на ИП на следниот начин
Секој член на ИП задолжително отвора (креира) и свој профил (корисничка сметка) со корисничко име и лозинка на web –страната internetpartija.com.
Гласаат само членовите кои го навеле корисничкото име во пристапницата за членство во ИП.
При регистрирањето на web-страната системот автоматски ги распоредува членовите во групи според местото на живеење,во општинските организации на ИП,во градската организација ако се од Скопје ,во група која ја сочинуваат членовите од одредена изборна единица според поделбата на изборни единици на Р.Македонија.
Членовите можат да формираат и да се организираат и во разни интересовни облици ; групи,лоби групи ,тимови, по било кој основ (млади ,ветерани,жени,комшии, другари и друго) од кои ќе произлезат предлози за кандидати за избор во сите организации и органи на партијата.
На секое ниво на организираност постои апликација за гласање која дозволува гласање само еднаш на членот во соодветната група каде што припаѓа ,во одреден временски интервал(на пример од петок на 09.07.2010 до понеделник 12.07.2010) со цел што поголем број на членови да гласаат.
Може да се гласа од било кој компјутер од било кое место.
Член 32
Гласање по групи,лоби групи ,тимови
Од секоја група членовите на групата гласаат за еден кандидат кои членовите сами ќе го предложат. Претседател на групата е тој што добил најмногу гласови.
Член 33
Гласање за месна организација на ИП
Гласањето за месна организација на ИП се врши во два круга на гласање,првиот е гласање по групи од кои системот ги издвојува првите 11 според бројот на гласови од групите.Во вториот круг издвоените 11 члена почнуваат од 0 (нула) гласови и за нив гласаат само членовите на МО на ИП каде што припаѓаат според Изборниот законик.Тој што ќе добие најмногу гласови е претседател на МО на ИП а останатите десет членови на Советот на МО на ИП,редоследно според бројот на освоени гласови
Член 34
Гласање за Општинска организација на ИП
Гласањето за Општинска организација на ИП,се врши во два круга првиот е гласање по групи од кои системот ги издвојува првите 51 според бројот на гласови од групите.Во вториот круг издвоените 51 члена почнуваат од 0 (нула) гласови и за нив гласаат само членовите на ОО на ИП каде што припаѓаат според општината во која живеат.Тој што ќе добие најмногу гласови е претседател на ОО на ИП а останатите 50 членови на Советот на ОО на ИП,редоследно според бројот на освоени гласови
Член 35
Гласање за Градска организација на ИП-Скопје
Гласањето за Градска организација на ИП-Скопје се врши во два круга ,првиот е гласање по групи од кои системот ги издвојува првите 51 според бројот на гласови од групите.Во вториот круг издвоените 51 члена почнуваат од 0 (нула) гласови и за нив гласаат само членовите на ГО на ИП каде што припаѓаат според Скопските општини во која живеат.Тој што ќе добие најмногу гласови е претседател на ГО на ИП а останатите 50 членови на Советот на ГО на ИП,редоследно според бројот на освоени гласови
Член 36
Гласање за кандидати за пратеници по изборни единици
Гласањето за кандидати за пратеници по изборни единици се врши во два круга ,првиот е гласање по групи од кои системот ги издвојува првите 20 според бројот на гласови од групите.Во вториот круг издвоените 20 члена почнуваат од 0 (нула) гласови и за нив гласаат само членовите на ИП од соодветната изборна единица според според поделбата на изборни единици на Р.Македонија.Тој што ќе добие најмногу гласови е прв на изборната листа на ИП,и останатите редоследно според бројот на добиените гласови.
Член 37
Гласање за Претседател на ИП
Гласањето за кандидат за Претседател на ИП се врши во три круга ,првиот е гласање по групи од кои системот ги издвојува првите 40 според бројот на гласови од групите.Во вториот круг издвоените 40 члена почнуваат од 0 (нула) гласови и за нив гласаат сите членови на ИП на Македонија.Првите тројца што ќе добиат најмногу гласови одат во трет круг,а останатите редоследно според освоените гласови стануваат членови на Собранието на ИП на Македонија.
Во третиот круг на гласање за Претседател на ИП на Македонија е избран тој што добил најмногу гласови а другите двајца се Потпретседатели на ИП на Македонија редоследно според бројот на добиените гласови.
Член 38
Гласање за кандидат за Претседател на Р.Македонија
Гласањето за кандидат за Претседател на Р.Македонија се врши во три круга ,првиот е гласање по групи од кои системот ги издвојува првите 40 според бројот на гласови од групите.Во вториот круг издвоените 40 члена почнуваат од 0 (нула) гласови и за нив гласаат сите членови на ИП на Македонија.Првите тројца што ќе добиат најмногу гласови одат во трет круг.Во третиот круг на гласање за кандидат за Претседател на Р Македонија е избран тој што добил најмногу гласови.
Член 39
Внатрепартиски избори се одржуваат секогаш 1 месец пред почетокот на изборната кампања за одржување на избори во Р.Македонија во зависност од тоа какви се ,локални, парламентарни,претседателски,вонредни или редовни такви и се одржуваат.
ИП предизборно не настапува заеднички (не коалицира) со ниедна друга партија
Претседателот на МО на ИП и членовите на советот се истовремено и кандидати за избор на претседател на месната заедица
Претседателот на ОО на ИП и членовите на советот се истовремено и кандидати за избор на градоначалник на општина и советници
Претседателот на ГО на ИП- Скопје и членовите на советот се истовремено и кандидати за избор на градоначалник на Скопје и советници.
СИМБОЛИКА НА ЛОГОТО И ЗНАМЕТО НА ИНТЕРНЕТ ПАРТИЈА
Логото/знакот на Интернет Партија

Логото преставува стилизиран приказ , на симболот “ет”(@). Во центалното “a” е додадена апликација која асоцира на човечко суштество, така што главата е прикажана како круг кој што асоцира на човечкиот стремеж кон совршеството , додека кругот и “вратоврската ” асоцираат на буквата “i” во вид на стрелка на часовник, овие симболи укажуваат на потребата човекот секојдневно да се прилагодува на новите технологии, и истите да ги стави во функција на општо добро на човештвото и природата. “Опашката” e штитовидна, што треба да ја симболизира партијата како институција, но сепак не е до крај затворена, за да се задржи приматот на симболот @ како општоприфатен симбол за модерна комуникација и социјализација на граѓаните. Бојата има дополнителна симболика која што е асоцијација за сиво-белата материја со која мислиме…
Симболика на Знамето на Интернет Партија

Знамето на партијата е со пропорции 1:2
Првата четвртина од знамето е бела а втортата половина од знамето сива, во втората четвртина е поставена наизменична “клиновидна” разделна линија со која на симболички начин асоцира на www (World Wide Web) како основен предуслов на интернет – комуникацијата. Самата поставеност на разделната лија со тоа што длабоко се навлегува наизменично во белата и сивата површина, е симболика на вечниот стремеж и основна потреба на човечкиот род за откривање на непознатото преку познатото и на тој начин постојано активно да го менува процентот на искористеност на човековиот интелектуален потенцијал .
|