Најава
 
 
Немаш корисничко име? Регистрирај се!
Како да се зачленам?
Ја заборавив лозинката

Гласање за ИП членови од Група

Почнува за:


Гласање за ИП Општина:

Почнува за:


Гласање за ИП град Скопје

Почнува за:


Гласање за ИП Изборна Единица

Почнува за:


Гласање за ИП Македонија

Почнува за:

Предлог Статут на Интернет Партија на Македонија

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Член 1

Со овој Статут Интернет партија на Македонија ги уредува : името и скратеното име на Партијата,седиштето на Партијата,ознаките на партијата(знаме,грб,симбол,амблем),политичките цели на дејствување,остварување на јавноста во работата и начинот на дејствување,условите и начинот на зачленување и престанување на членството,правата,обврските и одговорностите на членовите,застапување и преставување на Партијата,органите на Партијата,начинот на избор и отповикување,траење на мандатот и начинот на одлучување,стекнување и располагање со средства,престанок на Партијата и постапување со имотот во случај на престанок на Партијата .

НАЗИВ И СИМБОЛИ

Член 2

Името на партијата е: Интернет Партија на Македонија,освен целосното име ќе се користи и скратеното име ИП”.

Член 3

Седиштето на партијата е во Скопје на ул.

Партијата е запишана во Судскиот регистар на Основниот суд Скопје, под рег. бр.

Партијата има својство на правно лице од

Член 4

Партијата има симбол,грб, знаме и химна.

Партискиот грб претставува

Логото преставува стилизиран приказ , на симболот “ет”(@). Во центалното “a” е додадена апликација која асоцира на човечко суштество, така што главата е прикажана како круг кој што асоцира на човечкиот стремеж кон совршеството , додека кругот и вратоврската асоцираат на буквата “i” во вид на стрелка на часовник, овие симболи укажуваат на потребата човекот секојдневно да се прилагодува на новите технологии, и истите да ги стави во функција на општо добро на човештвото и природата. Опашката e штитовидна, што треба да ја симболизира партијата како институција, но сепак не е до крај затворена, за да се задржи приматот на симболот @ како општоприфатен симбол за модерна комуникација и социјализација на граѓаните. Бојата има дополнителна симболика која што е асоцијација за сиво-белата материја со која мислиме

 

Знамето на партијата е со пропорции 1:2 .Првата четвртина од знамето е бела а втортата половина од знамето сива, во втората четвртина е поставена наизменична клиновидна разделна линија со која на симболички начин асоцира на www (World Wide Web) како основен предуслов на интернет – комуникацијата. .

Химната ја утврдува Собранието на партијата.

Симболот на партијата преставува

Член 5

Партијата има свој печат и штембил.

Партискиот печат е тркалезен со пречник од 3 сантиметри, во кој на рабовите е испишано името на партијата Интернет Партија на Македонијаи местото на седиштето Скопје, а во средината е поставен партискиот симбол.

Штембилот е во правоаголна форма и во него е испишано името на партијата, а на ¼ од штембилот е поставен партискиот симбол.

ЦЕЛИ,ЈАВНОСТ,

Член 6

ИП е граѓанска партија , која се заснова врз слободата правата и еднаквоста на човекот како и врз принципите на праведност и солидарност меѓу луѓето, и во која доброволно членуваат сите оние, кои ги прифаќаат одредбите од овој Статут и програмските цели на Партијата;

-независна и суверена Република Македонија,демократска и правна држава

- поделба на власта на законодавна ,извршна и судска

-приватна сопственост и пазарно стопанство

-доброволно организирање на граѓаните во партии,организации и здруженија,слобода на говор,слобода на печатот

-почитување на правата,слободата и еднаквоста на граѓаните,социјална и здраствена заштита ,заштита на правата од работа,слобода на вероисповест,рамноправност на половите,и други права во согласност со Уставот и законите на Р.Македонија

-афирмација на правата и слободите на граѓаните на Македонија ,што живеат во други држави, во меѓународните организации во склад со меѓународните документи

-зачленување на Р.Македонија во Европската Унија и НАТО алијансата

Член 7

ИП за остварување на своите програмски цели и задачи, користи демократски и ненасилни парламентарни и непарламентарни средства,на своите членови им забранува користење на насилни,недемократски и други слични методи.ИП може да членува во меѓународни организации и да соработува со странски политички партии.Делува во Р. Македонија и во странство

Член 8

Работата на ИП е јавна,издава свои гласила,користи современи средства за комуникација за информирање на членовите и јавноста и ја користи web-страницата internetpartija.com .

 

ЧЛЕНУВАЊЕ ВО ПАРТИЈАТА

Член 9

Член на ИП може да биде секој полнолетен и деловно способен граѓанин на Република Македонија, кој ќе даде изјава (пристапница) за доброволно членство во Партијата, и ги прифаќа програмските определби, целите и задачите, содржани во овој Статут.

Член 10

Зачленувањето се врши со доставување на изјавата (пристапницата) до општинската организација на ИП или до секретарот на ИП во седиштето на Партијата. Членот задолжително отвора (креира) и свој профил (корисничка сметка) со корисничко име и лозинка на web –страната internetpartija.com,преку која гласа и се информира односно учествува во работата на ИП.

Член 11

Права, обврски на членот се:

· да учествува во работата на Партијата;

· да избира и да биде избран во сите органите на Партијата;

· да биде информиран за активностите и дејствувањето на Партијата;

· својата активност да ја извршува во согласност со Статутот и други акти на ИП

· редовно да плаќа членарина.

Член 12

Членарна се плаќа само со уплатница на сметка на партијата.Минималниот износ членот сам го утврдува,а максималниот во согласност со Законот за политички партии како и други финансиски прописи.

Член 13

Членувањето во ИП престанува со:

· потпишување на изјава за доброволно истапување од членството;

· трајно губење на деловната способност;

· настапување на смрт

 

ОРГАНИЗАЦИОНА СТРУКТУРА И ОРГАНИ НА ПАРТИЈАТА

Член 14

Членовите на ИП се организираат и дејствуваат на територијален принцип во следните облици на дејствување:

-Месна организација на ИП

- Општинска организација на ИП

-Градска организација на ИП (за Скопје)

-Интернет партија на Македонија

Членовите на ИП можат да се организираат и во разни интересовни облици ; групи,лоби групи ,тимови, по било кој основ (млади ,ветерани,жени,комшии, другари и друго) од кои ќе произлезат предлози за кандидати за избор во сите организации и органи на партијата.

При зачленувањето на web-страната ,врз база на местото на живеење,членот автоматски се распоредува во својата општинска организација на ИП,градска ако живее во Скопје и ИП на Македонија,каде што може да се информира ,да учествува во работењето и да гласа користејќи го програмот за гласање кој постои на секое ниво на организација; во групи,во општинските организации на ИП,во градската на Скопје,по изборни единици и во цела ИП.

Членот може да формира групи,тимови,лоби групи,за кандидирање во органите на ИП како и за преставување на разни идеи и проекти.

Член 15

Месна организација на ИП

Месната организација на ИП (МО на ИП) ги поврзува сите членови од избирачкиот одбор согласно Изборниот законик.

Одлука за основање на Месна организација на ИП донесува Советот на општинската организација на ИП.

Членовите на МО на ИП преку системот за гласање на ИП избираат претседател и совет од 10 члена,редоследно според бројот на освоени гласови.

Мандатот на избраните лица трае 4 години,со право на повторен избор,доколку престанок на мандатот не побараат 2/3 од членовите на МО н ИП.

МО на ИП се состанува според потребите,најмалку еднаш на 3 месеци,претседателот ги информира членовите за одржување на состаноците преку web страната internetpartija.com .

Член 16

Општинската организација на ИП (ОО на ИП) делува на подрачјето на општините според територијалната поделба на Р.Македонија.

ООна ИП ги поврзува Месните организации на ИП и членството од подрачјето на општината.

Органи на ОО на ИП се; Претседател и Совет

Членовите на ОО на ИП преку системот за гласање на ИП избираат претседател и совет од 50 члена,редоследно според бројот на освоени гласови.

Мандатот на избраните лица трае 4 години,со право на повторен избор,доколку престанок на мандатот не побараат 2/3 од членовите на ОО н ИП.

Член 17

Претседателот на ОО на ИП ;

-          Ја преставува и застапува ОО на ИП

-          Раководи со ОО на ИП меѓу седниците на Советот на ОО на ИП

-          ги свикува и претседава со седниците на Советот на ОО на ИП

-          учествува во градењето на политиката на ИП

-          ги свикува претседателите на МО на ИП и се состанува според потребите,најмалку еднаш на 3 месеци,претседателот ги информира членовите за одржување на состаноците преку web страната internetpartija.com .

-          поднесува годишен извештај до Советот на ОО на ИП

Член 18

Советот на ОО на ИП ;

-донесува програма, се грижи за нејзино извршување ,за работа на Општинската организација на ИП,врз база на потребите, барањата и предлозите на членовите на ОО на ИП и МО на ИП.

-донесува одлука за основање на месна организација на ИП

-донесува одлука за пост изборни коалицирања на локално ново

-од своите редови избира секретар кој ја води и организира архивската документација на ОО на ИП

-избира кандидати за органите на локалната самоуправа

-еднаш годишно расправа по извештајот од Пратседателот на ОО на ИП,

-расправа за извештаите на органите на ИП и разгледува други прашања сврзани со работата на партијата

Член 19

 

Градската организација на ИП (ГО на ИП) делува на подрачјето на град Скопје според територијалната поделба на Р.Македонија.

Органи на ГО на ИП се; Претседател и Совет

Членовите на ГО на ИП преку системот за гласање на ИП избираат претседател и совет од 50 члена,редоследно според бројот на освоени гласови.

Мандатот на избраните лица трае 4 години,со право на повторен избор,доколку престанок на мандатот не побараат 2/3 од членовите на ГО н ИП.

Член 20

Претседателот на ГО на ИП ;

-          Ја преставува и застапува ГО на ИП

-          Раководи со ГО на ИП меѓу седниците на Советот на ГО на ИП

-          ги свикува и претседава со седниците на Советот на ГО на ИП

-          учествува во градењето на политиката на ИП

-          ги свикува претседателите на ОО на ИП и се состанува според потребите,најмалку еднаш на 3 месеци,претседателот ги информира членовите за одржување на состаноците преку web страната internetpartija.com .

-          поднесува годишен извештај до Советот на ГО на ИП

Член 21

Советот на ГО на ИП ;

-донесува програма, се грижи за нејзино извршување ,за работа на градската организација на ИП,врз база на потребите, барањата и предлозите на членовите на ГО на ИП

-донесува одлука за пост изборни коалицирања на локално ниво

-од своите редови избира секретар кој ја води и организира архивската документација на ГО на ИП

-избира кандидати за органите на локалната самоуправа

-еднаш годишно расправа по извештајот од Пратседателот на ГО на ИП,

-расправа за извештаите на органите на ИП и разгледува други прашања сврзани со работата на партијата

Член 22

Органи на ИП се;

- Претседател

- Собрание

-Надзорен Одбор

Член 23

Претседателот на партијата е политичко-извршен орган кој го избираат членовите на ИП со тајно гласање преку системот за гласање на ИП.

Мандатот на претседателот на партијата трае 4 години,со право на повторен избор (односно најмногу 8 години),доколку престанок на мандатот не побараат 2/3 од членовите на ИП.

Претседателот на партијата е истовремено и претседател на Собранието на ИП.

Член 24

Претседателот:

- ја претставува и застапува ИП;

- претседава со седниците на Собранието;

- донесува политички и други одлуки во име на ИП;

- се грижи за спроведување на Програмата, Статутот и другите акти на ИП

- учествува во креирањето на политиката на партијата;

- склучува договори и потпишува акти и други документи согласно Програмата и Статутот

- донесува одлука за назначување на потписници на жиро-сметката на партијата - предлага избор и разрешување на генерален секретар на партијата;

-свикува годишно собрание;

- за својата работа поднесува извештај пред Собранието на ИП еднаш годишно.

 

Член 25

Собранието на ИП е политичко извршен орган кој

-Утврдува предлог програма на ИП,која е едноставен збир од програмите на ОО на ИП,ГО на ИП ,претседателот на ИП и предлози од Собранието

-предлага и утврдува измени во статутот

-донесува деловник за својата работа

-донесува одлука за распишување на внатрепартиски избори,кои по правило се одржуваат на 4 години ,пред одржувањето на изборите во Р.Македонија ,на локално или републичко ниво ,претседателски избори или кога има предвремени избори,(во зависност од тоа какви избори се одржуваат)

-поднесува иницијативи,задачи,насоки за делување на ИП

-донесува одлука за пост изборни коалицирања

-На предлог на Претседателот на партијата, СИП избира и разрешува генерален секретар, со мнозинство гласови од вкупниот број членови на СИП

-избира надзорен одбор од три члена од својот состав

-избира кандидати за органите на државната управа

-избира шеф на Изборен штаб

-ја утврдува одговорноста на носителите на функции кој ги избира

-ги разгледува и утврдува годишните извештаи на претседателот на ИП ,на надзорниот одбор за финансиското работење на партијата

-донесува одлуки и други акти од своја надлежност

-формира и други комисии и тела

-решава за други прашања сврзани со работата на ИП кои не се ставени во надлежност на други органи на ИП

Член 26

Мандатот на членовите на Собранието трае 4 години,со право на повторен избор (односно најмногу 8 години),доколку престанок на мандатот не побараат 2/3 од членовите на ИП.

Членови на Собранието на ИП се:

- претседателот, потпретседателите и генералниот секретар на Партијата;

- претседателот на Градската организација на ИП-Скопје;

- претседателите на општинските организации на ИП;

- 40 члена редоследно според бројот на освоени гласови од изборите за претседател на партијата

Член 27

Седниците на Собранието на ИП ги свикува претседателот на партијата, се одржуваат по потреба, а најмалку еднаш на 6 месеци.Претседателот ги информира членовите за одржување на состаноците преку web страната internetpartija.com . 10 дена пред одржувањето на седницата,рок во кој сите членови на СИП можат да предложат точки за дневен ред.Во итни случаи, Претседателот може да свика седница на СИП во рок покус од 5 дена, а дневниот ред да го предложи на самата седница.

Член 28

Надзорниот Одбор го избира Собранието на ИП,претседател и двајца членови, од својот состав.Мандатот на избраните членови трае 4 години.

Надзорниот одбор го разгледува матријално финансиското работење на партијата,поднесува извештај за својата работа на СИП и донесува деловник за својата работа.На надзорниот одбор достапни му се сите документи и податоци на ИП .

Член 29

Генералниот секретар на партијата го предлага за избор и разрешување Претседателот на ИП а го избира СИП

Мандатот на секретарот трае 4 години,со право на повторен избор.

Генералниот секретар учествува во работата на собранието на ИП,ја води и организира архивската документација на партијата,го организира подготвувањето на седниците на СИП и други седници на ИП,врши и други задачи кои ќе му се доверат

За својата работа генералниот секретар одговара пред СИП

Генералниот секретар по функција е член на СИП.

Член 30

Потпретседател на партијата е политичко-извршен орган кој го избираат членовите на ИП со тајно гласање преку системот за гласање на ИП,односно тоа се следните двајца од претседателските избори редоследно според бројот на освоени гласови.

Мандатот на потпретседателите на партијата трае 4 години,со право на повторен избор (односно најмногу 8 години),доколку престанок на мандатот не побараат 2/3 од членовите на ИП.

Потпрестседателите вршат работи од надлежност на Претседателот на Партијата,што тој ќе им ги довери со посебни овластувања.

Потпретседателите по функција се членови на СИП.

ИЗБОРИ

Член 31

Изборите за носители на функции во ИП се врши со тајно гласање преку системот за гласање на ИП на следниот начин

Секој член на ИП задолжително отвора (креира) и свој профил (корисничка сметка) со корисничко име и лозинка на web –страната internetpartija.com.

Гласаат само членовите кои го навеле корисничкото име во пристапницата за членство во ИП.

При регистрирањето на web-страната системот автоматски ги распоредува членовите во групи според местото на живеење,во општинските организации на ИП,во градската организација ако се од Скопје ,во група која ја сочинуваат членовите од одредена изборна единица според поделбата на изборни единици на Р.Македонија.

Членовите можат да формираат и да се организираат и во разни интересовни облици ; групи,лоби групи ,тимови, по било кој основ (млади ,ветерани,жени,комшии, другари и друго) од кои ќе произлезат предлози за кандидати за избор во сите организации и органи на партијата.

На секое ниво на организираност постои апликација за гласање која дозволува гласање само еднаш на членот во соодветната група каде што припаѓа ,во одреден временски интервал(на пример од 7 ч. во петок на 09.07.2010 до 19 ч.во понеделник 12.07.2010) со цел што поголем број на членови да гласаат.

Може да се гласа од било кој компјутер од било кое место.

Член 32

Гласање по групи,лоби групи ,тимови

Од секоја група членовите на групата гласаат за еден кандидат кои членовите сами ќе го предложат. Претседател на групата е тој што добил најмногу гласови.

Член 33

 

Гласање за месна организација на ИП

Гласањето за месна организација на ИП се врши во два круга на гласање,првиот е гласање по групи од кои системот ги издвојува првите 11 според бројот на гласови од групите.Во вториот круг издвоените 11 члена почнуваат од 0 (нула) гласови и за нив гласаат само членовите на МО на ИП каде што припаѓаат според Изборниот законик.Тој што ќе добие најмногу гласови е претседател на МО на ИП а останатите десет членови на Советот на МО на ИП,редоследно според бројот на освоени гласови

Член 34

 

Гласање за Општинска организација на ИП

Гласањето за Општинска организација на ИП,се врши во два круга првиот е гласање по групи од кои системот ги издвојува првите 51 според бројот на гласови од групите.Во вториот круг издвоените 51 члена почнуваат од 0 (нула) гласови и за нив гласаат само членовите на ОО на ИП каде што припаѓаат според општината во која живеат.Тој што ќе добие најмногу гласови е претседател на ОО на ИП а останатите 50 членови на Советот на ОО на ИП,редоследно според бројот на освоени гласови

Член 35

 

Гласање за Градска организација на ИП-Скопје

Гласањето за Градска организација на ИП-Скопје се врши во два круга ,првиот е гласање по групи од кои системот ги издвојува првите 51 според бројот на гласови од групите.Во вториот круг издвоените 51 члена почнуваат од 0 (нула) гласови и за нив гласаат само членовите на ГО на ИП каде што припаѓаат според Скопските општини во која живеат.Тој што ќе добие најмногу гласови е претседател на ГО на ИП а останатите 50 членови на Советот на ГО на ИП,редоследно според бројот на освоени гласови

Член 36

 

Гласање за кандидати за пратеници по изборни единици

Гласањето за кандидати за пратеници по изборни единици се врши во два круга ,првиот е гласање по групи од кои системот ги издвојува првите 20 според бројот на гласови од групите.Во вториот круг издвоените 20 члена почнуваат од 0 (нула) гласови и за нив гласаат само членовите на ИП од соодветната изборна единица според според поделбата на изборни единици на Р.Македонија.Тој што ќе добие најмногу гласови е прв на изборната листа на ИП,и останатите редоследно според бројот на добиените гласови.

Член 37

 

Гласање за Претседател на ИП

Гласањето за кандидат за Претседател на ИП се врши во три круга ,првиот е гласање по групи од кои системот ги издвојува првите 40 според бројот на гласови од групите.Во вториот круг издвоените 40 члена почнуваат од 0 (нула) гласови и за нив гласаат сите членови на ИП на Македонија.Првите тројца што ќе добиат најмногу гласови одат во трет круг,а останатите редоследно според освоените гласови стануваат членови на Собранието на ИП на Македонија.

Во третиот круг на гласање за Претседател на ИП на Македонија е избран тој што добил најмногу гласови а другите двајца се Потпретседатели на ИП на Македонија редоследно според бројот на добиените гласови.

Член 38

 

Гласање за кандидат за Претседател на Р.Македонија

Гласањето за кандидат за Претседател на Р.Македонија се врши во три круга ,првиот е гласање по групи од кои системот ги издвојува првите 40 според бројот на гласови од групите.Во вториот круг издвоените 40 члена почнуваат од 0 (нула) гласови и за нив гласаат сите членови на ИП на Македонија.Првите тројца што ќе добиат најмногу гласови одат во трет круг.Во третиот круг на гласање за кандидат за Претседател на Р Македонија е избран тој што добил најмногу гласови.

Член 39

Во случај двајца или повеќе кандидати да добијат ист број на гласови, победник е тој што е постар член во партијата. Доколку датумот на членство се поклопува кај повеќе од еден кандидат во тој случај предност има кандидатот со поголем процент на актвиност.

Внатрепартиски избори се одржуваат секогаш пред почетокот на изборната кампања за одржување на избори во Р.Македонија во зависност од тоа какви се ,локални, парламентарни,претседателски,вонредни или редовни такви и се одржуваат.

ИП предизборно не настапува заеднички (не коалицира) со ниедна друга партија

Претседателот на МО на ИП и членовите на советот се истовремено и кандидати за избор на претседател на месната заедица

Претседателот на ОО на ИП и членовите на советот се истовремено и кандидати за избор на градоначалник на општина и советници

Претседателот на ГО на ИП- Скопје и членовите на советот се истовремено и кандидати за избор на градоначалник на Скопје и советници.

Член 40

Одлучување

Органите на ИП полноважно одлучуваат ако на состаноците се присутни повеќе од половината на членовите кои ги сочинуваат органите ,а одлуките се носат со мнозинство на гласови од присутните.

Може и да се предвиди и гласање за одлуките преку апликации во системот за гласање на ИП.

Избрани претставници на ИП на Македонија во Собранието на Р.Македонија,градоначалници и советници во општините и градот Скопје

Пратеничка група

Член 41

Пратениците на ИП во Собранието на Република Македонија, претставуваат пратеничка група на ИП на Македонија.

Пратеничката група е должна своето дејствување и настапи во Собранието на Република Македонија да ги врши во согласност со Статутот и Програмата на партијата, за таа цел е должна да врши косултации со органите на партијата.

Работата на пратеничката група и изборот на координатор и негов заменик се регулира со Деловник за работа.

· Советнички групи

Член 42

Советниците на ИП во Советите на општините и на град Скопје, претставуваат советнички групи на ИП.

Советничките групи се должни своето дејствување во советите да го вршат во согласност со Програмата и Статутот на партијата и за таа цел да вршат косултации со органите на партијата.

Финансирање

Член 43

Интернет партија на Македонија средства за своето дејствување обезбедува од

-членарина,

- прилози и донации од членови и симпатизери

-други приходи од правни и физички лица

-од буџетот на Република Македонија

Сите средства се се уплаќаат само со уплатница на сметка на партијата.Минималниот износ членот сам го утврдува,а максималниот во согласност со Законот за политички партии како и други финансиски прописи.

За време на одржување на изборите, средствата од поединечните подароци, прилозите и донациите од правните и физичките лица, според износите предвидени со Законот, се издвојуваат на посебна сметка за изборен фонд.

Член 44

Изворите на приходите на партијата се јавни.За изворите и расходите на средствата се води книговодствена евиденција.Надзорот над материјално-финансиското работење на партијата го врши Надзорната одбор.

Член 45

Овластени потписници на жиро-сметка на ИП се Претседателот, Потпретседателите и генералниот секретар на партијата.

Посебни одредби

Член 46

Престанок на функција во органите на ИП настанува кога носителот на функција ќе поднесе оставка или отповикување на начин на кој што е избран според овој Статут

Член 47

Собранието на Интернет партија на Македонија,заради извршување на одредени административни стручни и други работи ,може да основа стручни служби и ги донесува актите со кои се одредува организацијата и работата на истите.

Престанок на ИП

Член 48

Интернет Партија на Македонија престанува со работа:

- кога бројот на членовите ќе се намали под законски определениот број за нејзино основање;

- кога ќе настапи законски основ за престанок на работата на Партијата утврден од надлежен суд

Член 49

Во случај на престанок на партијата, Собранието на ИП на Македонија решава на кого ќе му го даде имотот на ИП –на државата,хуманитарни организации или фондови

ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 50

Прашањата, кои не се уредени со овој Статут, Собранието на ИП ќе ги регулира со посебни акти и одлуки, во согласност со Уставот, Законите и овој Статут.

 

 

Скопје 09.07.2010

З .Т.